Фудбалерот на Ливерпул ги живее најтешките денови од својот живот досега. Неговите родители беа киднапирани во Колумбија, мајка му беше пуштена веднаш, но неговиот татко уште го држат како заложник. Кога го постигна голот Дијаз го крена дресот и покажа мајца на која пишуваше: „Слобода за татко ми“.
По натпревар Луис Дијаз објави соопштение.
„Денеска не зборува играчот. Денеска е Лучо Дијаз, синот на Луис Мануел Дијаз. Мане, мојот татко, вреден човек, семеен столб… тој сега е киднапиран“, вели во соопштението Дијаз.
„Ги молам ЕЛН да го ослободат татко ми што е можно поскоро. Барам и меѓународни асоцијации да поработат на тоа за да се гарантира неговата слобода.Секоја секунда, секоја минута сме се повеќе загрижени. Немаме зборови да ги опишеме ужасните чувства на нашето семејство и така ќе биде се додека тој не се врати дома.Ве молам веднаш да го ослободите татко ми, почитувајќи го неговиот интегритет.Сакам да им се заблагодарам на сите Колумбијци и на меѓународната заедница за поддршката“.