Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, би можел да ја продолжи кариерата во Феенорд, пренесува весникот Мирор.
33-годишниот англиски играч е слободен агент откако го напушти ФК Сеул во декември минатата година.
Во јануари, тој разговараше со клубови во Англија и Италија, но во моментов е најблиску до гигантите од Ротердам, каде што тренер е неговиот поранешен соиграч од „Црвените ѓаволи“, Робин ван Перси.