Фудбал

Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија

Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија

По заминувањето на претседателот Гравина и легендарниот Буфон, денеска беше официјализиран и третиот голем удар за италијанскиот фудбал.

Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на „Азурите“. По неуспехот да ја однесе Италија на Светското првенство во 2026 година, Гатузо и федерацијата (FIGC) спогодбено го раскинаа договорот.

Италија во Зеница го доживеа најголемиот срам во својата историја, станувајќи првиот светски првак кој пропуштил три Мундијали по ред.

Популарниот „Рино“, кој беше назначен за селектор во летото 2025 година како замена за Лучијано Спалети, се обрати до јавноста со емотивна порака на официјалниот сајт на федерацијата.

To top