Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидиеш Дешамп смета дека ривалот прикажа одлични партии во досегашниот дел од турнирот.
– Ова е посебно и специфично Европско првенство. Бројот на голови е многу помал од очекуваното, одбраните се многу добри и не е лесно да се отворат натпреварите. Мајк Мањан е еден од нашите лидери во дефанзивата и тоа го знаеме одамна. Сега само ни потврди дека е спремен за предизвикот да ја преземе единицата на Лорис.
Не е точно дека не создаваме шанси, но тие шанси треба да ги реализираме. Жиру не играше од првата минута, но спремен е и ни помага влегувајќи од клупата. Мбапе не е во најдобра позиција со маската на лице, не е комотен, но се справува некако и дава пример за останатите. Во продолжението против Португалија не се чувствуваше најдобро, но спремен е за полуфиналето.
Сите шпански екипи и репрезентации имаат добар среден ред и сакаат да ја контролираат играта. Го имаат и Родри кој е одличен. Ми оставија феноменален впечаток досега на турнирот. Нико и Ламин се многу брзи, офанзивно одлично, но ќе се обидеме да ги лимитираме нивните налети. Фудбалот се игра со топка и без топка и ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра“, изјави Дешамп.