Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам не е разочаран од настапот на тимот на натпреварот против Полска (1:1) од 3. коло во групата Д на Европското првенство.
По ова реми Франција ја препушти првата позиција на Австрија, која ја победи Холандија со 3:2.
Нема разочарување. Целта беше првото место, за ова беше неопходно да се победи. Бидејќи не победивме, треба да го прифатиме тоа. Постапивме правилно, имавме шанси. Треба да го цениме сработеното. Тимот можеше да направи повеќе во однос на ефикасноста, и покрај неколкуте добри одбрани на гпротивничкиот голман, изјави Дешам за „РМЦ Спорт“.
Франција групата ја заврши со пет освоени бода на втората позиција. Покрај Австрија и Франција, пласман во осминафиналето обезбеди и третопласираната Холандија со четири бодови.