Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, беше половично задоволен од постигнатото.
„За жал, не успеавме да го најдеме патот до голот. Натпреварот беше со висок интензитет и задоволен сум од тоа како моите играчи го одиграа, иако реализацијата беше разочарувачка. Има многу позитивни работи од овој натпревар, а и мора да ги гледаме и нашите ривали во групата.
Ќе се обидеме да одиграме подобро на следниот натпревар и да се пласираме во следната рунда“, рече Дешамп.