Фудбал

Дешамп: Мислам дека одигравме добро со Белгија

Дешамп: Мислам дека одигравме добро со Белгија

Селекторот на Франција Дидие Дешамп изјави дека неговата селекција морала да биде внимателна, исто како и противникот.

– Белгија играше многу внимателно, иако на хартија имаа офанзивен состав. Ние креиравме повеќе шанси иако игравме трпеливо, не сакавме да паднеме во нивната стапица. Мислам дека генерално одигравме добро, иако би сакал да креираме уште повеќе шанси.Што се однесува до голот, за да добиете автогол, најчесто некој треба претходно да шутира кон нивниот гол. Она што може да ни се замери е што поседуваме квалитет за многу повеќе голови, – рекол Дешамп.
To top