Фудбал

Дембеле се извини на Луис Енрике и се врати во првиот тим на ПСЖ

Дембеле се извини на Луис Енрике и се врати во првиот тим на ПСЖ

Шпанскиот стратег Луис Енрике на прес-конференцијата пред мечот со Арсенал објави дека Дембеле е казнет поради дисциплински причини, но истовремено најави дека проблемот може да се реши за само пет минути, само во случај ако тоа го посакува и фудбалерот.

По поразот од Арсенал, Дембеле сфатил дека направил грешка и му се извинил за тренерот за непрофесионалното однесување, по што двајцата решиле да ја остават оваа епизода зад себе.

Како што јавуваат медиумите од Франција, Енрике го прифатил извинување и веднаш го вратил Дембеле во првиот тим, што значи дека тој ќе конкурира за настап уште овој викенд на мечот со Ница.

To top