Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ги обнови тренинзите со францускиот тим откако закрепнa од повредата на бутот, објави „Екип“.
Поранешниот фудбалер на Барселона и Борусија Дортмунд имаше проблем со бутот и не настапи во петочниот натпревар со Стразбур, кој парижаните го добија со 2-1.
Францускиот репрезентативец тренираше со полн капацитет денеска во базата на тимот во Поаси. Тој би можел да биде во тимот за дуелот со Брест во среда, кој е дел од Купот на Франција.
Блиску до враќање во игра е и португалскиот бек Нуно Мендеш. Тој нема да игра против Брест во куп натпреварувањето, но целта е да му биде на располагање на тренерот Луис Енрике за мечот со Реал Сосиедад во Лигата на шампионите на 14 февруари.