Фудбал демант

Демант: Емирот од Катар ќе се сретне со Мбапе, но не за да го убедува да остане

Утрово во француските медиуми се пишуваше дека емирот од Катар, Хамад ал Тани во придружба на францускиот претседател Емануел Макрон ќе го убедува Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, но тоа нема да се случи.

Експертот за фудбалскиот пазар, Фабрицио Романо објави дека емирот од Катар ќе се сретне со Мбапе, меѓутоа тема на нивниот разговор нема да биде иднината на напаѓачот бидејќи Мбапе веќе одлучи.

Мбапе го известил ПСЖ дека заминува на крајот од сезоната и нема намера да ја промени таа негова одлука, без разлика на интервенцијата дури и на претседателот на Франција.

To top