Англискиот фудбалер Деле Али се враќа на фудбалските терени и тоа во Италија.
Челниците на Џенова не се откажуваат од идејата да го ангажираат Деле Али, кој остана без клуб откако му истече договорот со Евертон.
28-годишниот играч од средниот ред последниот натпревар го одигра пред шеснаесет месеци.
Џенова сака да го засили средниот ред и затоа се насочи кон поранешниот фудбалер на Евертон и Тотенхем.