Екипата на Арсенал ќе се сретне со Челзи во важен натпревар за двата тима во Премиер Лигата.
„Во моментов немам појасни информации за Деклан Рајс. Тој не тренираше и ќе видиме дали ќе можеме да го искористиме против Челзи за време на викендот,“ изјави Артета.
Каи Хаверц и Микел Мерино имаат мали физички проблеми по натпреварот во Лигата на шампионите. Тирни, Калафиори и Томијасу се отсутни, а Стерлинг не може да игра против својот поранешен клуб, бидејќи таков е договорот за позајмица меѓу двата клуба.
Мартин Одегард се врати по повреда на скочниот зглоб и ќе направи сè за да биде дел од почетниот состав. Деклан Рајс останува сериозно неизвесен за лондонското дерби.