Фудбал Англија го обезбеди пласманот на ЕУРО2024

Дебитантски повик во англиската репрезентација за Кол Палмер

Репрезентативниот повик за Палмер дојде само ден откако во судиското продолжение постигна гол од пенал за да му донесе бод на Челзи во дуелот против Манчестер сити (4-4).

Дебитантски повик во англиската репрезентација за Кол Палмер

Англискиот селектор Герет Саутгејт му врачи денеска дебитантски повик во репрезентацијата на офанзивниот играч за врска на лондонски Челзи, Кол Палмер.

Дваесетиедногодишниот Палмер ќе има можност да дебитира во англискиот дрес во претстојниот завршен циклус во квалификациите за ЕУРО2024 против Малта на „Вембли“ во Лондон на 17 ноември или на гостувањето против македонската репрезентација во Скопје, три денови подоцна.

Репрезентативниот повик за Палмер дојде само ден откако во судиското продолжение постигна гол од пенал за да му донесе бод на Челзи во дуелот против Манчестер сити (4-4).

Англија е лидер во квалификациската група Ц и на две кола до крајот на квалификациите го обезбеди пласманот на ЕУРО2024 во Германија.

To top