Селектор на Шпанија Луис де ла Фуенте ги префрла заслугите кај фудбалерите по победата над Грузија и пласман во четврфиналто на ЕП.
„Среќни сме, знаеме колку е тешко да се биде во четвртфиналето. Тоа се покажа со резултатите што ги видовме досега. Грузија е опасен тим при контра напади и тоа и вечерва ни го покажа. Заслугата за победата е кај играчите, ние ги пренесуваме идеите од клупата. Беше тешко по примениот гол, но знаевме дека треба да останеме смирени. Постигнавме четири гола, а можевме и повеќе“, рече Де ла Фуенте.