Фудбал

Де Ла Фуенте: Мора да сме перфектни против Германија

Де Ла Фуенте: Мора да сме перфектни против Германија

Селекторот на Шпанија Лиус де ла Фуенте изјави дека неговиот тим ќе мора против Германија да прикаже перфектна игра ако сака да остане на ЕП.

Селекторот предупредува на голема внимателност и максимален фокус во секој сегмент од играта.

„Играме против Германија и ова за нас ќе биде вистински тест дали можеме да минеме во полуфиналето. Нашиот ривал има сериозен состав, а ние мораме да сме фокусирани во сите сегменти од играта. 

На ваквите мечеви победникот го решаваат ситните детали. Ако ја загубите топката во лош момент или на лошо место, тоа може веднаш скапо да ве чини. Тоа е особено воочливо кога играте против екипи кои поседуваат голема брзина во транзицијата. 

Германија е сериозен ривал, еден од најдобрите на стариот континент. Досега одигравме добар турнир, па се надевам дека ќе го продолжиме нашот престој тука. Играчите знаат што треба да направат, треба да бидат перфектни“, рече Де ла Фуенте.

To top