Фудбал

Де Брујнe планира да се повлече од репрезентацијата

Де Брујнe планира да се повлече од репрезентацијата

Кевин Де Брујнe кој е еден од најдобрите фудбалери во репрезентацијата на Белгија не е сигурен дали и по ова Европското првенство ќе продолжи да го носи репрезентативниот дрес.

„Се уште е рано да зборувам на тоа прашање. Прво морам да го процесирам овој пораз и елиминацијата. Зад мене е долга сезона, потребно е да го одморам своето тело и да ги наполнам батериите. Својата одлука ќе ја донесам по завршување на летото“, изјави Де Брујнe.

Фудбалерот на Манчестер Сити во овој момент има 33 години, а исто така неодамна даде и изјава во која зборуваше дека би можел да размисли за некоја понуда надвор од Европа. Неговиот договор со Манчестер Сити е со важност до 2026 година.

To top