По неочекуваното реми во првиот меѓусебен натпревар, белгиските фудбалери се решени да се покажат во сосема поинакво издание пред домашната публика. Кевин Де Брујне порача дека тимот е максимално мотивиран и целосно фокусиран на овој дуел.
„На првиот натпревар против Македонија не бевме на нивото на кое треба да биде една репрезентација од наш ранг. Противникот одигра паметно и заслужено освои бод. Сега сме свесни дека нема простор за нови грешки. Подготвени сме, целосно фокусирани и знаеме колку е важно да ги освоиме трите бода“, изјави Де Брујне за белгиските медиуми.