Селекцијата на Белгија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако Франција запиша триумф од 1:0.
Овој натпревар можеби беше и последен за Белгиецот Кевин Де Брујне. Еден од најдобрите репрезентацијата на Белгија не е сигурен дека и понатаму ќе продолжи да го носи националниот дрес.
„Рано е да одговарам на тоа прашање. Прво треба добро да размислам по овој пораз и елиминацијата. Зад себе имам долга сезона и потребно ми е да го одморам телото и да ги наполнам батериите. Големите одлуки ќе ги носам по завршувањето на летото“, изјави Де Брујне.
Де Брујне кој има 33 години претходно зборуваше и дека би можел да ја заврши кариерата во европскиот фудбал во случај на некоја голема понуда. Договорот кој го има со Манчестер Сити е со важност до 2026 година.