Кевин Де Брујн на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити по цели десет години, а наводно негов нов клуб би можел да биде Интер Мајами.
Сопственикот на клубот каде што настапува Меси, Дејвид Бекам сака Де Брујн да им се придружи на: Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба кои се најпознатите имиња кои во овој момент го носат дресот на Интер Мајами.
Интерес за Де Брујн постои и од Саудиска Арабија, но според информациите на странските медиуми, Белгиецот повеќе би сакал живот во Мајами, без разлика на посилните финансиски понуди.
Со Де Брујн во составот нема дилеми дека Интер Мајами би бил најголем фаворит за сите трофеи во американскиот фудбал.
INTER MIAMI LE VA A OFRECER UN CONTRATO A KEVIN DE BRUYNE EN JUNIO.
Vía @topmercatolat – @City_Xtra. pic.twitter.com/J7h3IYlcyM
— Sudanalytics (@sudanalytics_) April 7, 2025