Фудбал

Давид Де Хеа ќе брани во Примера?

Давид Де Хеа ќе брани во Примера?

Искусниот шпански голман, Давид Де Хеа, би можел наскоро да се врати на голема врата и одново да заигра фудбал на највисоко ниво.

Медиумите на Апенините ја пренесуваат веста дека управата на Бетис е сериозно заинтересирана за негов ангажман, а и самиот Де Хеа немал ништо против оваа идеја.

Шпанецот повеќе од девет месеци е без клуб откако му беше раскината соработката со Манчестер Јунајтед и се поврзуваше со многу дестинации, но веројатно следната сезона ќе заигра во родната земја и ќе го гледаме во зелено-белиот дрес.

Се претпоставува дека Бетис ќе му понуди едногодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.

To top