Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов ја доби наградата за МВП на натпреварот меѓу Јагелонија и Краковија во елитниот шампионат на земјата.
Јагјелонија дома загуби во дербито со Краковија (2-4), а Чурлинов беше асистент за вториот гол на домашните.
Се играше 26. минута, а погодокот дојде по една страшна акција со додавања од прва која почна со Чурлинов, а негов беше и завршниот пас.
Чурлинов го доби признанието за МВП на теренот. Крилниот играч е во сопственост на Барнли, но оваа сезона се очекува да ја мине во целост во Полска.