Селекторот на данската фудбалска репрезентација, Брајан Ример денеска го објави списокот со играчи на кои ќе смета за претстојниот натпревар во полуфиналето од баражот против Македонија на 26 март во Копенхаген за пласман на Светското првенство 2026 година.
Меѓу избраните играчи се напаѓачот на Бодо/Глимт, Каспер Хог, како и голманите Фредерик Ронов и Андреас Јунгдал. Хог стрелаше во победата од 3:0 на Бодо/Глимт во првиот меч од осминафиналето во ЛШ против Спортинг.
Во тимот се вклучени и неколку потенцијални дебитанти. Меѓу нив е и напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, кој неодамна го постигна победничкиот гол во дуелот на Њукасл против Манчестер јунајтед.