Неговата клазула на Дани Олмо која ја има во договорот со Лајпциг изнесува 60 милиони евра, но таа истекува во понеделник и потоа германскиот тим може да одреди цена за која сака да го продаде.
Ситуацијата ја следи и хрватскиот Динамо Загреб кој ќе добие процент од трансферот на Олмо. Динамо го продаде Олмо на Лајпциг за 29 милиони евра, меѓутоа договори и 20% од сумата од идниот трансфер.
Ова значи дека ако Олмо се продаде за 60 милиони евра, Динамо ќе заработи 12 милиони евра. Во претходниот период Олмо се поврзуваше со Барселона.