Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари против Молдавија и Црна Гора во наредниов период, натпревари за кои отпадна напаѓачот Ердон Даци.
Даци се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски, но тој се повреди на последниот меч за неговиот Беверен и токму поради ова е во „аут“ за кампот и натпреварите во Анталија закажани за 22 (Молдавија) и 25 март (Црна Гора).
Ова значи дека Милевски во офанзивната линија ќе смета на Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Димитар Митровски и новиот член на националниот тим Лирим Ќамили.