Чави Ернандес прво најави дека ќе си замине на крајот од сезоната, за да потоа се премисли и реши да остане на чело на екипата и во следната сезона.
Ако Чави е сигурен, тогаш тоа не може да се каже за најголем дел од фудбалерите. Според најавите од Шпанија, Чави потенцирал дека само тројца фудбалери му се сигурни и за наредната сезона, додека сите останати можно е и да си заминат.
Сите тројца кои Чави ги смета за „златни“ се талентите кои призлегуваат од познатата младинска школа на Барселона, „Ла Масија“, а тоа се Гави, Јамал и Кубарси. Сите останати може да бидат продадени, ако за нив биде дадена вистинска понуда.