Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига.
Повеќе медиуми објавија дека до агентот на Варан се пристигнати дури четири понуди и сите се од шпански тимови.
За Французинот се заинтересирани Атлетико Мадрид, Севиља, Реал Сосиедад и Бетис. На 31-годишниот фудбалер му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ на крајот од сезоната и засега нема договор за продолжување на соработката.
Тоа значи дека Варан како слободен играч ќе го напушти „Олд Трафорд“.