Фудбал

Четири репрезентации, една желба – уште три натпревари до крајот на ЕП

Четири репрезентации, една желба – уште три натпревари до крајот на ЕП

Комплетирани се сите четвртфинални натпревари на Европското првенство во Германија. Меѓу четирите најдобри репрезентации во Европа кои се пласираа во полуфинлаето се Шпанија, Франција, Англија и Холандија.

Шпанија и Франција ќе се сретнат во првото полуфинале закажано на 9 јули во Минхен од 21:00 часот.

Вториот полуфинален натпревар ќе се одигра на 10 јули во Дортмунд во истиот термин, а ќе се судрат селекциите на Англија и Холандија. Финалето е закажано за 14 јули во 21:00 часот во Берлин.

To top