Фудбал

Челниците на Реал (М) му рекоа „доста“ на Винисиус

Челниците на Реал (М) му рекоа „доста“ на Винисиус

Винисиус Жуниор има договор со Реал (М) до 2027 година, а има информации дека голем број европски гиганти би сакале да го видат во своите редови.

„Кралскиот клуб“ неодамна започна преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот, но сè уште не е постигнат договор.

Бразилецот не успеа да постигне договор за продолжување на соработката со Реал (М) откако побара годишна плата од 30 милиони евра. Со оваа сума, тој би станал најплатениот фудбалер во тимот.

Покрај плата од 30 милиони евра по сезона, Винисиус Жуниор побара и бонус за потпишување на новиот договор од Реал (М). Челниците на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ не се согласија ниту со тоа и ги прекинаа преговорите.

To top