Во воведниот говор на редовниот Конгрес на УЕФА, претседателот на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин, откако ја истакна важноста на единството и чувството на припадност, централниот дел од говорот го посвети на желбата за формирање на Суперлигата.
Тој повторно ги нападна основачите на ова натпреварување велејќи за нив дека се предатори.
Силата на европскиот фудбал лежи во тоа чувство на припадност. Можности да направите нешто и да успеете во нешто преку градење на заеднички вредности. Од Португалија до Казахстан, од Кипар до Фарските Острови, од Финска до Италија, нема големи и мали. Поради нашиот систем, важни се победите на теренот, а не надвор од него. На прсти може да се избројат терените на кои Европа е лидер, а една од тие работи е фудбалот. И ние треба да бидеме горди на тоа. Во овој момент некои луѓе се обидуваат да уништат 70 години историја. Тие се обидуваат да го променат европскиот фудбалски модел и покрај неговиот успех. Тие тврдат дека се спасители на фудбалот, иако во реалноста се обидуваат да му го ископаат гробот. Тие глумат жртви иако не се ништо друго освен предатори. Го мешаат монополот со единството. И тие зборуваат многу за слободниот пазар, но не знаат ништо за слободата на говорот. Историјата на европската соработка е изразена во некои симболи кои се едноставно недопирливи. А европскиот фудбал е еден од нив. Никогаш порано во модерните времиња нашиот континент не бил толку ранлив, толку поделен, толку расцепен, изјави Чеферин.