Тренерот на Барселона Чави е суспендиран на два натпревара во Шпанското фудбалско првенство поради непримерно однесување на натпреварот со Атлетико Мадрид (3:0), пренесува „Sport.es“.
На натпреварот од 29. коло на Ла Лига во Мадрид, Чави доби две опомени поради расправија со судијата и беше исклучен. Натпреварот се одигра на 17 март.
Чави е суспендиран на два натпревара и тој нема да може да биде присутен на клупата на Каталонците за натпреварите против Лас Палмас и Кадиз.
До дербито со Реал Мадрид на 21 април, Чави ќе се врати на теренот.
Барселона моментално е втора на табелата со 64 бода од 29 натпревари. (МИА)