Фудбал

Чави Симонс официјално останува уште една година во Лајпциг

Чави Симонс официјално останува уште една година во Лајпциг

Германскиот фудбалски клуб Лајпциг заврши уште една одлична работа на трансфер-пазарот откако успеа да победи во трката за потпис на Чави Симонс.

Баерн Минхен испрати понуда, но инсистираа и на клаузула за откуп следното лето што беше неприфатливо за челниците на ПСЖ.

Раководството на Лајпциг го искористи тоа и ги интензивираше преговорите во последната седмица, за денеска и официјално да добие зелено светло по целосно постигнатиот договор.

Симонс веќе ги известил челниците на Баерн за својата одлука да се врати назад во Лајпциг, откако блескаше во дресот на овој клуб во сезоната 2023/24.

 

To top