По потврдата дека Јирген Клоп по завршувањето на сезоната нема да биде тренер на Ливерпул, ни пристигнува и уште една потврда за тренерска смена – Чави Ернандез нема да биде тренер на Барселона.
Барселона денес во драматичен натпревар беше поразена против Виљареал, а по завршувањето на средбата Чави потврди дека неговиот договор нема да биде продолжен.
„Сакам да објавам дека по 30-ти јуни повеќе нема да бидам тренер на Барселона. Мислам дека поради актуелната ситуација е потребна смена“, изјави Чави.
На клупата на Барселона Чави пристигна во 2021 година, а претходно две сезони успешно го водеше тимот на Ал-Сад.