Тренерот на Барселона Чави Ернандез, кој во јануари најави заминување на крајот од сезоната, no сепак ќе остане во клубот до истекот на неговиот договор на 30-ти јуни 2025 година, изјави во средата вечерта претставник на клубот.
„Претседателот Жоан Лапорта утре ќе ги објасни причините зошто тренерот ќе остане во согласност со актуелниот договор“, изјавил функционерот за хрватската новинска агенција Hina, барајќи анонимност.
На 27-ми јануари, по поразот на домашен терен од Виљареал со 3:5, Чави изјави дека ќе поднесе оставка во јуни.
Во средата, бордот на Барселона одржал состанок на кој разговараше за актуелните работи во клубот, а потоа спортскиот директор Деко се сретна со Чави во центарот на клубот.