Чаби Алонсо ја работи третата и последна сезона како тренер на Баер Леверкузен.
Челниците на „фармацевтите“ се помириле со ова, па веќе бараат замена. Прв кандидат е тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, а втор Сандро Вагнер, помошник на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.
Една од опциите е Чаби Алонсо да стане менаџер на Манчестер Сити, под услов Пеп Гвардиола да реши да не ја продолжи соработката со „граѓаните“, што не е невозможно по одлуката на Цики Бегернстајн да го напушти Манчестер.