Во финишот од минатата сезона и на Европското првенство, Арда Ѓулер го покажа својот голем талент, па Чаби Алонсо реши да тропне на неговата врата и да го побара на позајмица.
Составот на Реал Мадрид за следната сезона изобилува со квалитетни фудбалери, особено во офанзивата, па нејасно е дали Ѓулер ќе биде стартер или повеќето од времето ќе го поминува на клупата.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Чаби Алонсо стапил во контакт и се распрашувал за позајмица на Арда Ѓулер, но добил само дрзок одговор.
„Останувам во Реал Мадрид, слободно кажете му го тоа на секој што ќе праша за мене“, наводно рекол Ѓулер.
Ваквиот однос на Ѓулер можеби и не е најпаметен потег со оглед на можноста во блиска иднина токму Чаби Алонсо да стане тренер на Реал Мадрид.