Фудбал

Цеск Фабрегас го доби посакуваното засилување од Реал Мадрид

Цеск Фабрегас го доби посакуваното засилување од Реал Мадрид

Италијанскиот Комо го потврди второто засилување од Шпанија во новата сезона.По ангажманот на искусниот Серхи Роберто, Сеск Фабрегас сега добива нов играч во својот состав, откако Комо успеа да му го обезбеди потписот на Нико Паз.

Талентираниот играч на Реал Мадрид пристигна во „кралскиот клуб“ пред осум години, па откако ги мина младинските категории и доби симболична шанса во првиот тим, сега ќе се испроба во тим во кој сигурно ќе ја добие потребната минутажа.

Реал вечерва официјално потврди дека Нико е продаден на Комо за цена која изнесува 6 милиони евра, со тоа што „кралевите“ можат да вклучат опција за враќање на фудбалерот, или да добијат 50 проценти од парите од неговиот нареден трансфер.

 

To top