Фудбал АФКОН

Брегот на Слоновата коска и Алжир последни четвртфиналисти

Репрезентациите на Брегот на Слоновата коска и на Алжир последни изборија пласман меѓу осумте најдобри на АФКОН

Брегот на Слоновата коска и Алжир последни четвртфиналисти

Репрезентациите на Брегот на Слоновата коска и на Алжир последни изборија пласман меѓу осумте најдобри на АФКОН (Африкански куп на Нациите). Брегот на Слоновата коска е последниот четвртфиналист на АФКОН, откако синоќа со 3:0 ја совладаа екипата на Буркина Фасо во последното осминафинале. Фаворитот стигна до сигурна победа, која ја навести во првиот дел со двата гола на Амад Диало во 20.минута и на Јан Диоманде во 32.минута. Конечните 3:0 ги постави Базумана Туре во 87.минута.

Многу повеќе неизвесност имаше на првиот вчерашен дуел во кој Алжир дури по продолжение со голот во 119.минута на Адил Булбина го совлада Конго.

Според распоредот во четвртфиналето на 9.јануари ќе играат: Мали – Сенегел и Мароко – Камерун, а следниот ден се другите два четвртфинални дуела: Египет – Брегот на Слоновата коска и Алжир – Нигерија.

To top