Борусија Дортмунд потпиша двегодишен договор со германскиот играч за врска Паскал Грос од англискиот премиерлигаш Брајтон.
Грос потпиша двегодишен договор со бундеслигашот и го напушта Брајтон по седум сезони минати во Премиер лигата, каде забележа 261 настап во сите натпреварувања и постигна 32 гола.
„Во однос на неговиот придонес на теренот, Паскал стана најголемото засилување на клубот во Премиер лигата“, рече претседателот на Брајтон, Тони Блум.