Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос веќе неколку месеци е без клуб, но наскоро би можел да му се врати на фудбалот и да го облече дресот на Јуветус.
„Старата дама“ е подготвена да му понуди договор на Рамос откако се повреди најдобрито дефанзивец на клубот Глеисон Бремер кој ги скина лигаментите и за него е завршена сезоната.
Рамос има 38 години и огромно искуство зад себе затоа што во кариерата играше за тимови како Реал Мадрид, ПСЖ и Севилја.
Јувентус нема многу време за размислување, ниту премногу избор, па Рамос во моментов делува како идеално решение за одбраната на калчолигашот.