Фудбал трансфер

Бојан Миовски на „радарот“ на два Бундеслигаши

Екипата на Селтик и натаму е заинтересиран да го вратат македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Шкотска, но сега „зелено-белите“ добиваат конкуренција од Германија.

Според меидумите во Шкотска, екипата на Фрајбург како и повратникот во најсилната Бундеслига, тимот на Хамбургер се заинтересирани за потписот на македонскиот интернационалец. Тие ќе ја разгледаат можноста за ангажман на голгетерот на Џирона.

Миовски „блесна“ во Аберди, постигна 44 гола на 98 меча, што му донесоа трансфер во Шпанија. Сепак, поради поголема минутажа би можел да ја смени средината. Постигна четири гола во 25 натпревари за шпанскиот тим, но почесто беше на клупата отколку во првите 11.

To top