Германскиот фудбалски прволигаш Бохум му врачи денеска отказ на тренерот Томаш Леч поради серијата слаби резултати.
Бохум на последните шест натпревари забележа едно реми и пет порази и води битка за опстанок во Бундеслигата.
Леч го презеде Бохум во септември 2022 година во време кога тимот беше последнопласиран на табелата и успеа да го спаси од испаѓање.
Бохум не објави кој ќе го преземе тимот, ниту кој ќе го води екипата во следното бундеслигашко коло на гостувањето против Хајденхајм.