Македонскиот фудбалер Боби Николов ќе стане нов играч на Борац Бања Лука тим кој ќе игра во Лигата на Конференции на УЕФА.
Последен клуб на Николов беше Кишварда од Унгарија, а претходно беше дел од ФЦСБ (Стеауа), а со Шериф Тираспол играше во Лигата на шампионите потоа Лече, Фехервар, Вардар, Виторул.
За репрезентацијата на Македонија има одиграно 48 настапи, но веќе подолго време не е во плановите на Благоја Милевски за националниот тим.