Фудбал

Бобан Николов се враќа во Вардар

Бобан Николов се враќа во Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Взрдар за пролетниот дел од сезоната и добива уште едно мега-засилување, тоа е Бобан Николов.

Информацијата ја сподели извршниот директор Миленко Неделковски, кој истакна дека Николов наскоро ќе стане црвено-црн и ќе биде дел од тимот кој ќе напаѓа двојна круна.

31-годишникот ќе му се стави на располагање на клубот од среда, а доаѓа од Романија каде играше за Фарул Костанца.

За Николов ова ќе биде втора епизода во Вардар, по онаа кога клубот обезбеди групна фаза во Лига Европа. Штипјанецот остави голема трага во црвено-црниот дрес. Низ кариерата тој играше и за Борац Бања Лука, Кишварда, ФЦСБ, Шериф, Лече, Фехервар.

Во Вардар доаѓа и Хоакин Торес, аргентинско крило кој минатата година ја мина во Серија Б во Бразил, во тимот на Амазонас, а исто така има и искуство во МЛС-лигата, каде играше за Филаделфија и за Монтреал. Се работи за играч кој потекнува од Њуелс Олд Бојс. Има 29 години, а цената му е 700.000 евра.

To top