Дуелот помеѓу Шпанија и Германија е закажан за в петок од 18 часот, а билетите со цената уриваат рекорди.
Како што пренесува несникот „Билд“, во моментот еден билет чини околу 6.000 евра, а се очекува до петок сумата да достигне и неверојатни 10.000 евра.
Германците се во фудбалска еуфорија и веруваат дека оваа генерација предводена од Нагелсман може да го освои европскиот трофеј. Затоа, не штедат пари за да бидат дел од историските натпревари во живо, на трибините.