Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум останува без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими. Искусниот голгетер го напушта овој тим и најверојатно ќе се врати во Шкендија, непосредно пред почетокот на новиот шампионат на Македонија.
Ибраими спогодбено го раскинал договорот со раководството на Струга Трим Лум, четири дена пред стартот на новата сезона.
Бесарт Ибраими е најдобриот стрелец во историјата на македонското фудбалско првенство и дојде во Струга Трим Лум во 2022 година, а во Македонија има играно и за Шкендија, Ренова, Напредок и за Влазрими. Тој има богато интернационално искуство.