Репрезентацијата на Англија по голема борба и драма успеа во продолженијата да ја совлада Словачка со 2-1 (0-1) во осминафиналето на Европското првенство. „Гордиот албион“ беше близу до сензационална елиминација во регуларното време, но херојот беше Џуд Белингам, кој успеа да го одведе мечот во дополнително време од триесет минути.
Иван Тони успеа прекрасно го пронајде капитенот Хари Кејн, кој биеше со глава од пет метри и донесе прва предност за својот тим во 91. минута од мечот. Напаѓачот на Баерн Минхен со овој гол се израмни со скорот на Вејн Руни на Европските првенства (шест гола).