Фудбал

Белингам: Не знаев дека ќе играме со нив на ЕП

Белингам: Не знаев дека ќе играме со нив на ЕП

Англија  во осминафиналето ќе ги одмери силите со Словачка, а еден од оние кој последен дозна за противникот е фудбалерот на Реал Мадрид Џуд Белингам.

-Не знаев со кого играме додека ни ни кажа. Ама секогаш ќе имате тешки натпревари во оваа фаза од турнирот. Луѓето ќе видат дека тоа е Словачка и ќе мислат дека ќе биде лесен натпревар, но тоа дефинитивно не е така.Тие ќе претставуваат поинаков вид на закана и тешко ќе се скршат. Кога играте со тимови кои ве напаѓат малку повеќе, тоа може да биде малку поотворено.

Но, тоа ќе биде интересен меч во кој ќе влеземе со самодоверба. Знам дека настапите не беа толку добри како што можеше да бидат во првите три натпревари, но ова е одлична можност да се вратиме на нивото на кое треба да бидеме, -порача Белингам.

To top