Во центарот на вниманието на шпанските и англиските медиуми и социјалните мрежи се најде вербалната пресметка меѓу младите англиски ѕвезди на шпанските клубови на натпреварот Гетафе – Реал. Џуд Белингем (20), најдобриот играч и стрелец на Реал, по дуелот со Мејсон Гринвуд (22) му дофрли „силувач“.
Камерата го фати Белингем во тој момент и не треба да сте овластен читач на усни за да го видите очигледното, а тоа е дека играчот на Реал го фрли споменатиот збор кон противникот. Поточно, етикета, обвинението.
Гетафе побара од официјалните лица на натпреварот да го вклучат видеото да влезе во извештајот од Ла Лига за да може да се преземе акција против него.
😠🗯️ El vídeo de la acción entre Bellingham y Greenwood
📌 El @GetafeCF le ha notificado al responsable de @LaLiga presente en el #GetafeRealMadrid, que consten en el informe del partido las palabras de Jude Bellingham
🚨 Informa @josedpalacio pic.twitter.com/vlyTvO2CiK
— El Larguero (@ellarguero) February 1, 2024