Џуд Белингам игра одлична дебитантска сезона во дресот на Реал Мадрид, но шпанските медиуми најавуваат дека потенцијално си создал сериозен проблем на последното соочување со Хетафе.
Англискиот репрезентативец имаше соочувања на теренот со својот сонародник Мејсун Гринвуд, а на социјалните мрежи вирално стана видеото на кое се претпоставува дека Белингам му довикнува „силувач“ на членот на Хетафе.
Гринвуд не сакал да го коментира случајот, но Хетафе како клуб испратил жалба до Ла Лига, па сега одговорните во шпанскиот шампионат ангажирале професионален читач од усни за да се утврди дали Белингам навистина го навредил фудбалерот чиј матичен клуб се уште е Манчестер Јунајтед.
Ако жалбата биде прифатена, Белингам може да добие сериозна суспензија од дисциплинската комисија.