Фудбал еуро 2024

Белингам: „Ги истражував србите, не верував дека имаат толку добри играчи“

Џуд Белингам беше човекот на одлука кој ја донесе победата за Англија против Србија од 1-0 на Европското првенство во Германија. Фудбалерот на Реал Мадрид единствениот гол на мечот го постигна во 13-тата минута, а после натпреварот имаше само пофални зборови за противникот.

„Знаев дека се добри, дека имаат добри играчи на сите позиции. Ги истражував, не можев да поверувам дека имаат толку добри играчи. Беше тешко, тие се добра репрезентација. Сега имаме самодоверба, моите играчи се одлични. Имавме план и се придржувавме до него. Имаме голема самодоверба и тоа мора да го потврдиме на теренот ако сакаме да дојдеме до трофејот.“ – рече Џуд Белингам после победата над Србија.

To top